За свикување на Годишно Собранието на Друштвото

 

Врз основа на член 384, член 387 став 1, 3 и 5, член 388  а во врска со член 383 од Законот за трговските друштва (Сл.в.на РМ бр.28/04,бр.84/05, бр.25/07, бр.87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13; 187/13; 38/14; 138/14; 88/2015;192/15;6/16;30/16 и 61/2016), Одборот на директори на Друштвото за производство и трговија “Пелистерка”АД Скопје, со МБ 4010876 , со ЕДБ 4002989121429,  со седиште на Ул.Кочо Рацин бр.97 Скопје,  

 ДПТ ПЕЛИСТЕРКА АД СКОПЈЕ

О Б Ј А В У В А

 ЈАВЕН   П  О  В  И  К

За свикување на Годишно Собранието на Друштвото

 

Седницата на Годишното  Собрание  на акционери на ДПТ Пелистерка АД Скопје  ќе се одржи на ден  30.06.2016  год. (четврток)  во 10 часот  во Скопје  во Дирекцијата на Друштвото на Ул.Кочо Рацин бр.97 Скопје 

За работа на седницата на Собранието се предлага следниот

 Д  н  е  в  е  н     р  е  д

I. Процедурален дел :

1. Отворање на Собранието на акционери.
2. Констатирање на кворум за работа на Собранието.
3. Избор на Претседавач на Собранието.

II.Работен дел: 

Точки на дневен ред:

1. Разгледување и  усвојување на годишната сметка на Друштвото, финансиските извештаи , годишниот извештај  за работата на Друштвото и консолидираните извештаи на Друштвото, како и усвојување на ревизорскиот извештај по Годишната сметка на Друштвото за 2015 год.
2. Донесување на одлука за употреба на чистата добивка.
3. Одобрување на работата на членовите на  Одборот на директори на  Друштвото.
4. Донесување на Одлука за избор на ревизор за  следната деловна година.
5. Донесување на Одлука за продажба на сопствени акции на Друштвото.
6. Донесување на Одлука за задолжување и заложување спрема НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

На седницата на Собранието можат да присуствуваат сите акционери запишани во Акционерската книга на Друштвото, лично или преку полномошник.

Заинтересираните акционери можат да извршат увид во материјалите за седницата на Собранието секој работен ден во просториите на Друштвото во Скопје на Ул.Кочо Рацин бр.97 или во с.Меџитлија-Битола во времето од 13-15 часот, или на web-страната на Друштвото www.pelisterka.com.mk.

Бр.02-272/1                                                    ДПТ Пелистерка АД Скопје
27.05.2016  год.                                                    Одбор на директори  

Развиена од страна на Digital Medialab