Основна определба на раководството на Пелистерка А.Д. е водечка улога на пазарот во Македонија и постојано зголемување на конкурентна способност за реализација на услуги и производи со врвен квалитет од областа на произвдоство на природна газирана минерална вода, произвдоство на СО2, вино и сокови во согласност со барањата на купувачите, техничките стандарди и законските прописи. За достигнување на сопствените цели и определби Раководството на Пелистерка А.Д. одлучи реализацијата на процесите и услугите да ги управува со систем за управување со квалитет на процесите усогласен со барањата на стандардот ISO 9001:2008 и согласно принципите на Codex alimentarius CAC/RCP 1-1969 Rev.4-2003.
Организацијата перманентно работи на одржување на стекнатата довербата кај купувачите преку промовирање на висок степен на транспарентност во етиката на дејствувањето. Пелистерка А.Д. се обврзува да протежира постојан развој на компанијата со користење на најнови маркетинг стратегии.

ИСТОРИЈА

Во 1961 година судот го променил името во “Лозарско винарски комбинат ЛОЗАР ПЕТИЛЕП”. Организацијата имала два оддели и тоа оддел за производство на грозје и оддел за производство на вино, овошје, ракија, сокови. Во 1968 година- организацијата го проширува своето производство со минерална вода и СО2. Организацијата минува низ неколку реорганизации, така што во 1976 година се организира во Работна организација без работни единици.
Во 1993 година е направено прилагодување на постоечкиот закон и го добива името “Агроиндустриски комбинат Лозар” Битола. Со трансформацијата на општествениот капитал во приватен АИК ЛОЗАР-Битола на 24.12.2001 година се трансформира во приватно Акционерско друштво со 100% акционерски капитал, под името Лозар Пелистерка АД Скопје.
Денес, производството на минерална вода се обавува во два производствени погони лоцирани во с. Меџитлија, непосредно до грчката граница, т.н. погон Меџитлија 1 и погон Меџитлија 2. Винарската визба е лоцирана на влезот во Битола.
Погонот Меџитлија 1 е изграден 1965 година и се простира на вк. површина од 23.121 м2 со градежна површина од 2328 м2.
Темелите на погонот Меџитлија 2 се поставени 1968 год. . Денес овој погон се простира на површина од 24.807 м2 со градежна површина од 4.000 м2.

ДЕНЕС

Винарската визба е изградена 1961 година и денес таа се простира на површина од 2008 м2. Визбата е со капацитет од 5.000.000 л/годишно. Се преработуваат следните сорти грозје: Ризлинг, Бургундец, Мерлот, десертно грозје Мускат Хамбург, најмногу обезбедени од сопствени насади на лозје.  Во 2008 год. Пелистерка АД Скопје. започна со производство и на газирани и негазирани сокови, со што ја заокружи својата понуда на освежителни пијалоци. Благодарејќи на квалитетот на водата, првокласните суровини, технологијата и знаењето на вработените, соковите на Пелистерка АД Скопје. за многу брзо време станаа препознатлив бренд на Македонскиот Пазар. Во 2009 година Пелистерка АД Скопје. го воведува системот за управување со контрола на квалитет ISO 9001/2008 и HACCP. Во 2009 година Пелистерка АД Скопје. започна со производство и на негазирана минерална вода под брендот ОБИЧНА. Водата по својот избалансиран состав на минерали е само продолжение на квалитетот на Пелистерка. Во 2010 Лозар Пелистерка АД Скопје го промени името во Пелистерка АД Скопје. Компанијата дизајнираше сопствено заштитно шише, кое ги задоволува барањата и на најпребирливите потрошувачи. Убавиот модерен дизајн и врвниот квалитет, само ја продолжуваат традицијата на доминатност на пазарот во Македонија. Во погонот во Меџитлија започна да функционира уште една линија за полнење на стаклена амбалажа, со што ќе можат да се задоволи растечката побарувачка на потрошувачите.

“ ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ДРУШТВОТО„

Филозофијата на Пелистерка А.Д. е производство на производи во служба на купувачите/консумнетите со цел да се развијат иновативни начини на производство на нови производи, да се исполнат очекувањата и секојдневните барања на купувачите, како и да се понудат високо квалитетни безбедни производи.“

Развиена од страна на Digital Medialab