Со Пелистерка на ТОП концерти

Пелистерка ве носи на најспектакуларните концерти во Европа за 2013-та: Justin Bieber, Beyonce, Green Day и Robbie Williams. 50.000 сокчиња + 40 карти за концерти.

За учество во наградната игра треба да купите еден од соковите 0,5 литри на Пелистерка со нова етикета и да ви се падне капаче со знак шише или микрофон. Во играта учествуваат: Пелистерка Кола, Пелистерка Битер Лемон, Пелистерка Оранж, Пелистерка Газоза, Пелистерка Мохито, Пелистерка Мохито Јагода, Свит Мултивитамин и Свит Оранж, сите од амбалажа од 0,5 литри.

Наградната игра започнува на 05.03.2013 а трае до 12.07.2013, и секој учесник има право на негораничен број на награди.

Добитниците на едно од 20-те капачиња со знак микрофон,во придружба на партнер по сопствен избор одат на еден од следните концерти:

Justin Bieber - 30 март 2013 во Виена - 5 награди по 2 карти

Beyonce - 15 април 2013 во Белград - 5 награди по 2 карти

Green Day - 27 мај 2013 во Белград - 5 награди по 2 карти

Robbie Williams - 17 јули 2013 во Виена - 5 награди по 2 карти

Секој добитник на наградата микрофон, т.е. концерт има право со себе да земе уште едно лице по свој избор. Подигањето на наградите од капачето со знак микрофон, добитниците треба да го извршат во Дирекцијата на Пелистерка А.Д Скопје на бул. Кочо Рацин бр. 97 Скопје, а секој добитник е должен да приложи лична карта заради идентификација на учесник во наградна игра. Добитниците на наградите 2 карти за концерт ќе бидат објавени во дневниот весник “Дневник”, најдоцна 2 дена пред почетокот на претстојниот концерт.

Додека оние кои ќе добијат капаче со знак шише веднаш во истиот маркет или во кој било друг маркет во кој се продаваат производите на Пелистерка, можат капачето да го заменат за кој било од соковите на Пелистерка од 0,5 литри:  Пелистерка Кола, Пелистерка Битер Лемон, Пелистерка Оранж, Пелистерка Газоза, Пелистерка Мохито, Пелистерка Мохито Јагода, Свит Мултивитамин и Свит Оранж.

Организаторот има однапред купено вкупно 40 влезници, по 10 за секој од горенаведените концерти и нивниот број е ограничен. Од таа причина, можни се следниве ситуации:

Во случај да е завршен  концертот на Џастин Бибер кој е на 30 март, а до тој момент се отворени само 4 капачиња, следниот кој ќе отвори капаче микрофон, ќе добие награда  2 карти за Бијонсе (прв следен концерт).

Обратно, доколку пред концертот на Џастин Бибер се паднат 6 капачиња под кои има знак микрофон, тогаш последниот добитник кој е пријавен во Дирекцијата на Пелистерка А.Д. Скопје, добива 2 карти за наредниот концерт. Тоа значи дека доколку се потрошат картите кои се однапред купени, секој следен добитник, добива карти за наредниот концерт.

Доколку, поради горенаведените причини за последниот концерт има повеќе од 5 награди, а организаторот согласно правилата обезбедил само 5 награди, односно 10 карти, добитниците кои последни отвориле шише со капаче под кое има знак микрофон имаат право на паричен надоместок во висина на наградата. Во случај да не се отворат сите капачиња во тек на времетраење на наградната игра, т.е. се отвори капаче со знак шише 0,5 или знак микрофон по истекот на наградната игра, добитникот нема право на награда.

Сок за сок, микрофон за концерт

 

Пелистерка на Facebook